Кошаркарите на Орландо остварија победа во еден од најнеизвесните дуел одиграни ноќеска во НБА лигата и го совладаа Денвер со 127:126.

На гостинската екипа не им помогна и новиот трипл-дабл на Никола Јокиќ вкупно 180-ти во кариерата и 16-ти оваа сезона. Српскиот репрезентативец дуелот го заврши со 34 поени, 21 скок и 12 асистенции.

Екипата на Денвер имаше висока предност во текот на дуелот, но не успеа да ја зачува, па така го доживеа третиот пораз на последните пет натпревари.

Во последната секунда од мечот Џамал имаше шут за победа од полудистанца, но промаши.

 

Слични новости

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.