Манчестер сити синоќа одигра само 1:1 со тимот на Брајтон на својот Етихад и со три врзани нерешени натпревари, се повеќе заостанува зад водечкиот Арсенал.

Во првото полувреме Брајтон создаваше повеќе зрели шанси, но поведе манчестер сити во 41-та минута од натпреварот со голот на Ерлинг Халанд од пенал.

Брајтон израмни во 60-тата минута со прекрасен гол на Митома од далечина, па Брајтон создаде шанси за целосен пресврт но не ги искористи, а пред самиот крај Халанд можеше да постигне гол за победа на сити, но резултатот остана 1:1. 

Доколку победи во утрешното дерби со Ливерпул, Арсенал може да се одвои на дури 8 бодови од второпласираниот Манчестер сити.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.