Сообраќајот на Кримскиот мост повторно е во прекин по нов напад врз објектот, соопшти рускиот претставник назначен за гувернер на Крим, Сергеј Аксоњов.

Тој информираше дека надлежните служби се на терен и дека е во тек процена на причинетата штета. Ова е трет напад врз мостот во период од една недела.

Кримскиот мост, долг 19 километри, ја поврзува континентална Русија со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Претходно оваа недела, украински дронови и ракети го погодија централниот дел на мостот, при што во морето се урна лакот над делот наменет за автомобилски сообраќај.

Слични новости

Продолжени мировните преговори во Абу Даби: Русија, Украина и САД повторно на заедничката маса

Продолжени мировните преговори во Абу Даби: Русија, Украина и САД повторно на заедничката маса

За време на разговорите украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од интервју во кое тврди дека САД и вршат притисок на Украина да го отстапи Донбас на Русија, во замена за нејасни безбедносни гаранции.

Рубио: Трамп смета дека Израел е доволно богат самиот да купува оружје

Рубио: Трамп смета дека Израел е доволно богат самиот да купува оружје

Рубио им изјави на новинарите на состанокот на Г7 во Париз дека Трамп сака што поскора да го оконча актуелниот финансиски аранжман со Израел. Може да купуваат оружје од нас, но ние повеќе нема да мора да го обезбедуваме финансирањето“ изјави Рубио.