Сообраќајот на Кримскиот мост повторно е во прекин по нов напад врз објектот, соопшти рускиот претставник назначен за гувернер на Крим, Сергеј Аксоњов.
Тој информираше дека надлежните служби се на терен и дека е во тек процена на причинетата штета. Ова е трет напад врз мостот во период од една недела.
Кримскиот мост, долг 19 километри, ја поврзува континентална Русија со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
Претходно оваа недела, украински дронови и ракети го погодија централниот дел на мостот, при што во морето се урна лакот над делот наменет за автомобилски сообраќај.
Слични новости
Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.