Сообраќајот на Кримскиот мост повторно е во прекин по нов напад врз објектот, соопшти рускиот претставник назначен за гувернер на Крим, Сергеј Аксоњов.
Тој информираше дека надлежните служби се на терен и дека е во тек процена на причинетата штета. Ова е трет напад врз мостот во период од една недела.
Кримскиот мост, долг 19 километри, ја поврзува континентална Русија со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
Претходно оваа недела, украински дронови и ракети го погодија централниот дел на мостот, при што во морето се урна лакот над делот наменет за автомобилски сообраќај.
Слични новости
Израел им даде рок од седум дена на британските претставници да ја напуштат земјата
Британскиот конзулат во Еруслаим ќе мора да прекине со работа во рок од 30 дена, а на британските дипломати стационирани во Рамала на окупираниот Западен брег, им е даден рок од седум дена да го напуштат Израел.
Америка нападна повеќе ирански танкери
САД извршија напад врз повеќе ирански нафтени танкери како одговор на иранските напади врз американски бродови, соопштија американски официјални претставници. Морнарицата на Иранската револуционерна гарда ги предупреди посади на нафтените танкери во близина на Кувајт и Бахреин веднаш да ги напуштат бродовите
Нови напади на Техеран врз два американски воени брода и осум танкери во Ормутскиот теснец
Во соопштението на Иранската армија се наведува дека иранската морнарица ги нападнала бродовите како одговор на агресијата на САД, откако американските сили нападнале пет ирански танкери за нафта.