Европа во наредните месеци значително ќе ја намали зависноста на украинската војска од американските разузнавачки податоци, пренесе Фајненшал тајмс, повикувајќи се на европски извори.
Весникот пишува дека на самитот на лидерите на ЕУ е постигната согласност за „системско намалување на зависноста од САД на среден и долг рок’, што подразбира засилување на сопствените разузнавачки, технички и логистички капацитети.
Весникот пишува дека откако САД се повлекоа, а по наредба на Трамп дојде и до времен прекин на размена на разузнавачките информации, европските сојуници на Украина интервенираа со сопствени ресусрси, за да се спречи оперативен застој на теренот.