Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера го погодила радарскиот систем во американската хеликоптерска база во Бахреин, додека Американската централна воена команда не ги коментира наводите на Техеран. Војската на Бахреин соопшти дека нивните системи за противвоздушна одбрана пресретнала повеќе ирански проектили.

Во Јемен пак провладините сили соопштија дека се повлекуваат од подрачјето кое го контролира стратегискиот теснец Баб ел Мандеб, со што контролата врз важната поморска рута ја преземаат Хутите, кои се блиски до Иран.

 

Хутите кои го контролираат поголемиот дел од северот на земјата, го засилуваат притисокот врз јужните региони, кои сеуште се под контрола на владата.

Во меѓувреме официјален Техеран најави дека земјата нема да чека САД први да нападнат и порачаа дека Иран не е Венецуела која беше принудена на капитулација.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.