Иран покрена нов бран ракетни напади врз американската база Ал Удеид во Катар, врз кампот Арифџан во Кувај и врз базата Харир во Ирак, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Освен тоа, како што соопшти официјален Техеран, бил покренат „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Истовремено денеска се погодени три товарни бродови кои превезуваат стока во Ормутскиот теснец. Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека еден товарен брод бил погоден на 50 наутички милји од Дубаи со непознат проектил, при што немало загинати.
Претходно, како што пренесе Гардијан бил погоден товарен брод кој се запалил, бродот побарал помош, а посада на бродот била евакуирана.
Британската служба соопшти дека од почетокот на војната 13 товарни бродови биле нападнати во регионот.
Слични новости
Меѓународната агенција за енергија предупреди дека глобалната енергетска ситуација е многу сериозна
Ситуацијата е, ако сакаме да ја ставиме во контекст, е дека оваа криза, каква што е сега, е еквивалент на две нафтени кризи и една гасна криза заедно.
Во Словенија почна изборниот молк пред неизвесните парламентарни избори
Најновите анкети пред изборите покажуваат дека на владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб му се верува најмногу.
Трамп најави смален интензитет на војната со Иран
„Блиску сме до постигнување на нашите цели и сега размислуваме да ги намалиме нашите обемни воени напори“, напиша Доналд Трамп на платформата Трут Соушал.


