Иран покрена нов бран ракетни напади врз американската база Ал Удеид во Катар, врз кампот Арифџан во Кувај и врз базата Харир во Ирак, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Освен тоа, како што соопшти официјален Техеран, бил покренат „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Истовремено денеска се погодени три товарни бродови кои превезуваат стока во Ормутскиот теснец. Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека еден товарен брод бил погоден на 50 наутички милји од Дубаи со непознат проектил, при што немало загинати.
Претходно, како што пренесе Гардијан бил погоден товарен брод кој се запалил, бродот побарал помош, а посада на бродот била евакуирана.
Британската служба соопшти дека од почетокот на војната 13 товарни бродови биле нападнати во регионот.
Слични новости
Мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец
Обединетите Арапски Емирати им соопштија на своите сојузници дека се подготвени да учествуваат во мултинационална поморска мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објави „Фајненшл тајмс“.
Резаи: ракетите ќе преговараат со Трамп
„Секаков вид преговори со ѓаволот се страгиска грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Трамп“, порача Резаи на социјалната мрежа Икс.
Пентагон разгледува пренасочување на украинската вонеа помош на Блискиот исток
Пентагон разгледува пренасочување на оружјето наменето за Украина на Блискиот исток, вклучувајќи ги и противвоздушните ракети за пресретнување, за да ги засили американските сили во војната против Иран, пишува Вашингтон пост


