Иран покрена нов бран ракетни напади врз американската база Ал Удеид во Катар, врз кампот Арифџан во Кувај и врз базата Харир во Ирак, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Освен тоа, како што соопшти официјален Техеран, бил покренат „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Истовремено денеска се погодени три товарни бродови кои превезуваат стока во Ормутскиот теснец. Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека еден товарен брод бил погоден на 50 наутички милји од Дубаи со непознат проектил, при што немало загинати.
Претходно, како што пренесе Гардијан бил погоден товарен брод кој се запалил, бродот побарал помош, а посада на бродот била евакуирана.
Британската служба соопшти дека од почетокот на војната 13 товарни бродови биле нападнати во регионот.
Слични новости
Израел соопшти дека ја продолжува војната во Либан против Хезболах
Начелникот на генералштабот на Одбранбените сили на Израел генерал Ејал Замир денеска изјави дека борбата против Хезболах во Либан е примарната зона на неговата војска.
Историски пад на довербата на Американците во Британија
Мнозинството Британци сметаат дека САД се „негативна сила во светот“, покажа новата анкета на агенцијата „Паблик Фирст“, спроведена за Лондоснката конференција за одбрана.
Вашингтон ја менува политиката на санкции
Американските медиуми објавуваат дека се очекува американската администрација неделава да ги продолжи ублажувањата на снакциите за руската нафта.


