Иран покрена нов бран ракетни напади врз американската база Ал Удеид во Катар, врз кампот Арифџан во Кувај и врз базата Харир во Ирак, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Освен тоа, како што соопшти официјален Техеран, бил покренат „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Истовремено денеска се погодени три товарни бродови кои превезуваат стока во Ормутскиот теснец. Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека еден товарен брод бил погоден на 50 наутички милји од Дубаи со непознат проектил, при што немало загинати.
Претходно, како што пренесе Гардијан бил погоден товарен брод кој се запалил, бродот побарал помош, а посада на бродот била евакуирана.
Британската служба соопшти дека од почетокот на војната 13 товарни бродови биле нападнати во регионот.
Слични новости
Тројца починати од Ханта вирус на холандски крузер во Тихиот океан
Три лица починаа откако на холандски крузер се појавил Ханта вирус, вирус што потекнува од глодари, кој може да предизвика фатални респираторни заболувања.
Иранските сили ја предупредија американската морнарица да не влегува во Ормутскиот теснец
Иранските воени сили денеска ја предупредија американската морнарица да не влегува во Ормутскиот теснец, откако САД најавија дека денеска ќе започнат акција на ослободување на бродовите кои се заглавени во Ормутскиот теснец.
Америка денеска почнува со извлекување на бродовите од Ормутскиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД ќе покренат операција за безбедно извлекување на бродовите од Ормутскиот теснец. На својата мрежа „Трут соушал“ Трамп наведе дека станува збор за хуманитарна иницајатива за земјите кои не се вклучени во конфликтот на Блискиот исток.


