Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут.
Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.Израелската армија ги предупреди жителите во зградата да се евакуираат околу еден час пред целосно да ја срамни со земја кога се раздени. Ова е четврти пат зградата да биде цел на напад, откако три напади на 12 март не успеаја да ја урнат.
Израелската армија претходно соопшти дека го погодува местото, обвинувајќи го хезболах дека складира „милиони долари наменети за финансирање на неговите активности“, без да даде докази.
Израелските напади насочени кон централен Бејрут стануваат сè почести во последните денови, со или без претходно предупредување.
Израелската армија рано утрово соопшти дека започнала бран напади насочени кон Хезболах во јужен Либан „како одговор на пукањето на израелска територија“, додека ги интензивираше нападите и низ неколку области.
Слични новости
Тиса на Петар Маѓар убедлив победник на изборите во Унгарија, Орбан падна по 16 години на власт
На вчерашните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петар Маѓар е спектакуларен победник, откако според првичните резутати на изборната комисија освои дури 138 места од 199-те места во парламентот и самата ќе има двотретинско мнозинство.
Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран
Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.
Израел соопшти дека ја продолжува војната во Либан против Хезболах
Начелникот на генералштабот на Одбранбените сили на Израел генерал Ејал Замир денеска изјави дека борбата против Хезболах во Либан е примарната зона на неговата војска.


