Цените на нафтата повторно пораснаа по новата размена на напади меѓу САД и Иран, иако двете земји се согласија да ги запрат понатамошните воени дејства пред продолжувањето на мировните преговори.

На лондонската берза пазар, цената на барелот Брент се зголеми за 0,75 проценти и достигна 72,55 долари. Американската сирова  нафта ВТИ поскапе за 1,24 проценти, на 70,10 долари за барел.

Пазарите стравуваат дека продолжувањето на судирите може повторно да го наруши транспортот низ Ормускиот Проток, една од најважните рути за снабдување на светот со нафта и гас. Иако сообраќајот постепено се обновува, сопствениците на бродови остануваат претпазливи, а голем број танкери сè уште се заглавени во Персискиот Залив.

Слични новости

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.