„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.

„Супер Марио“ остана на првото место со заработка од 36 милиони викендов во САД и вкупна заработка од 747 милиони долари глобално.

На второто место останува „Хеил Мери“ со Рајан Гослинг, иако долго се прикажува, со заработка од 20 милиони викендов. Досега филмот заработи во САД 285 милиони долаи, а глобално 573.

Хоророт „Мумијата“ заработи скромни 13, 5 милиони долари во дебитантскиот викенд со слаби критики.

Слични новости

Идната недела светска премиера на „Мандалоријанецот и Грогу“ прв филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ по седум години

Идната недела светска премиера на „Мандалоријанецот и Грогу“ прв филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ по седум години

Филмот „Мандалоријанецот и Грогу“ на американскиот режисер Џон Фаворо започна со затворени проекции за филмските критичари, пред светската премиера на филмот која е закажана за 22 мај.