„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.

„Супер Марио“ остана на првото место со заработка од 36 милиони викендов во САД и вкупна заработка од 747 милиони долари глобално.

На второто место останува „Хеил Мери“ со Рајан Гослинг, иако долго се прикажува, со заработка од 20 милиони викендов. Досега филмот заработи во САД 285 милиони долаи, а глобално 573.

Хоророт „Мумијата“ заработи скромни 13, 5 милиони долари во дебитантскиот викенд со слаби критики.

Слични новости

Новиот филм на Педро Алмодовар „Горчлив Божик“ доби овации од публиката во Кан

Новиот филм на Педро Алмодовар „Горчлив Божик“ доби овации од публиката во Кан

Филмот доби 17 -ет минутни стоечки овации од публиката во Кан. Во првиот ред во публиката на премиерата на филмот заедно со кастот на филмот беа и славната француска актерка Жилиет Бинош, како и двојниот освојувач на Златната палма легенадарниот британски режисер Кен Лоуч.