Новиот Спајдермен со Том Холанд е прв на американскиот Бокс офис четврта недела по ред. Викендов филмот заработи нови 39 милиони долари само на американскиот пазар со што заработи 855 милиони долари само во САД и изби на третото место на листата на филмови со најголема заработка на Бокс офисот во САД.

Вкупно филмот досега заработи 2,2 милијарди долари и изби на шестото место претекнувајќи ја „Војната на ѕвездите“, но наскоро се очекува да ги претекне „Титаник“ кој е на петтото место со заработка од 2,26 милијарди долари и кинескиот „Не Жа“ кој има заработка од 2,27 милијарди.

Спајдермен е убедливо најуспешен филм за 2026 со заработка од 2,2 милијарди долари, пред Одисеја на Критофер Нолан која досега заработи 1,4 милијарди долари. Одисеја викендов беше трета на американскиот Нокс офис со заработка од 19,5 милиони долари.

 

Слични новости

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“