Вчера на затворена владина седница беше утврдена новата цена на струјата од ЕСМ. Понудата за електраните ќе биде доставена утре на тендерот на ЕВН Хоум. Овојпат повикот е за цела година, а не за шест месеци.
Тоа значи дека новата цена на струјата би важела за подолг период, а доколку има евентуална потреба, ќе се прави корекција.
Од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електрична енергија на универзалниот снабдувач најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните по Нова година. Сега мегават од ЕСМ чини 62 евра.
Премиерот Мицкоски синоќа не сакаше да открие дали ќе има поскапување. Рече само дека се ќе се знае наскоро. До крајот на месецот, РКЕ треба да донесе и нова цена за пренос и дистрибуција, но најави дека тука нема да има големи промени.
Инаку, ЕСМ, најголемиот производител на струја во земјата, извесен период се обидува да ја подобри ликвидноста која е нарушена. Загубите на компанијата заклучно со септември изнесуваат над 90 милиони евра.
Слични новости
Затворен граничниот премин Евзони од 11 часот
Граничниот премин Евзони од денеска во 11:00 часот е затворен за сообраќај, информира АМСМ. Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот.
Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
Дескоска нагласува дека станува прва потпретседателка на Венецијанската комисија која доаѓа од Северна Македонија, но и воопшто од земја која не е членка на Европската унија


