Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови ( 6:4 и 6:3).

Финалето се игра денеска од 16 часот на централниот терен на арената ОАКА.

Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде италијанскиот тенисер Лоренцо Музети кој е деветти играч на светот, а кој во другото полуфинале го победи Американецот Себастијан Корда со 2:1 во сетови.

Ѓоковиќ досега девет пати во кариерата го има победувано Музети, но Италијанецот му е секогаш незгоден противник на бавни подлоги.

Слични новости