Ветеранот Новак Ѓоковиќ денеска го победи италијанскиот тенисер Франческо Маестрали со 3:0 во сетови во второто коло на Австралија опенот во Мелбурн. Мечот траеше два часа и 15 минути, а по сетови Ѓоковиќ победи со 6:3, 6:2 и 6:2.

Ова беше 101 -ва победа на Ѓоковиќ на гренд слемот во Австралија.

По мечот Ѓоковиќ изјави дека Италијанецот има добар сервис и добра игра, но дека му е потребно поголемо искуство на меѓународната сцена.

Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп кој во второто коло го елиминираше Кинезот Шанг Џунченг.

 

Слични новости

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.