Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако во третото коло го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандсхулп со 3:0. ( 6:3, 6:4, 7:6).

Ѓоковиќ ја опрвада улогата на фаворит, иако третиот сет беше изедначен и неизвесен. По мечот Новак изјави дека претерано се опуштил по почетното водство, но дека потоа се соземал.

Најдобриот тенисер на сите времиња со денешниот триумф успеа да стигне до 400-татат победа во кариерата на Гренд слем турнирите.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против победникот од мечот Јакуб Меншик-Итан Квин.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.