Ветеранот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс, откако беше поразен од Британецот Џек Драјпер со 6:4, 4:6 и 6:7.

Неизвесната борба меѓу Ѓоковиќ и Драјпер траеше два часа и 35 минути.

Првиот сет му припадна на Ѓоковиќ, во вториот Драјпер направи брејк уште во првиот гем, а во третиот одлучувачки сет Драјпер сервираше за меч при водство од 5:4 но Ѓоковиќ успеа да направи брејк.

Во драматичниот тај брејк Британецот беше подобар со 7:5 и се пласираше во четвртфиналето каде што ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Слични новости

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ објавува дека главен кандидат за селектор на фудбласката репрезентација на Италија е менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола.