Во Кривичниот суд во Идризово денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој на 16 март одзеде 63 животи, а над 210 беа повредени.

На денешното рочиште на кое обвинетите 35 физички лица и три прaвни субјекти се произнесуваа по однос на обвинението рекоа дека не се чувствуваат за виновни, а дел од нив изразија сочувство за семејствата на жртвите, и посакаа побрзо закрепнување на повредените.

Првообвинетиот Дејан Јованов рече дека не се чувствува виновен, а во своите излагања дел од лицата кои биле задолжени за обезбедување на објектот рекоа дека за време на трагедијата се труделе да спасат што е можно повеќе присутни во дискотеката.

Екс директорот на ДЗС, Шабан Салиу, рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е политички мотивирано и неосновано.Љупчо Папазов порача дека не ги сфаќа мотивите на обвинителството да биде сместен во едно вака конструирано обвинение.

Крешник Бектеши исто така изрази сочувство и рече дека не се чувствува виновен. Вина отфрли и поранешниот министер Ваљон Сарачини.

Обвинетиот градежен инспектор Огњан Ѓорѓиев рече дека не се чувствува виновен и дека не му е јасно зошто е тука. Посочи дека сега е пензионер и дека се нашол во судница со цел како што нагласи да има повеќе обвинети на број.

Обвинителството останува на ставот дека пожарот е резултат на „низа од пропусти“ и „бескрупулозност“, додека одбраната најавува силни приговори на интегрираното обвинение.

 

Слични новости

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Втор починат од грип во Македонија

Втор починат од грип во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.