Минималните утрински температури денеска се спуштија под нулата во најголем дел од државата. Најстудено било на Скопје-Петровец и Пожаране со измерени -3 степени, додека -2 степени се регистрирани на Скопје-Зајчев Рид, како и во Струмица и Гевгелија.

Во изминатите 24 часа до 7 часот изутринава најмногу наврнат воден талог има во Крушево – 25 литри на квадратен метар. Во Маврови Анови паднале 20 литри, во Охрид 17, на Попова Шапка 13, а во Претор 12.

За денеска се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, особено претпладне. На пониските места се очекува мешани врнежи, додека на повисоките делови и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Со навлегување на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат во снег. Повеќе снег ќе падне во западните делови од државата, каде планинската снежна покривка може да се зголеми за околу 20 сантиметри, а во останатите места меѓу 5 и 10 сантиметри.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои кон попладневните часови и во текот на ноќта ќе бидат исклучиво од снег. 

Слични новости

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Втор починат од грип во Македонија

Втор починат од грип во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.