Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.

Судот оцени дека нема промена на околностите кои би овозможиле поблага мерка, а во оваа фаза нема надлежност да одлучува за гаранција.

На вчерашното рочиште сведочеше претставник од Државниот завод за ревизија, кој детално ги образложи слабостите и неправилностите во работењето на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2021 година.

Сведокот одговараше на прашања од обвинителството, одбраната и обвинетите, појаснувајќи ги финансиските извештаи, јавните набавки и медицинските практики на клиниката.

Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот 2018-2022 незаконски набавувале лекови и присвојувале дел од терапијата, оштетувајќи го државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети негираат вина и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.