Српскиот центар Никола Јокиќ мораше да го напушти теренот поради повреда на крајот од првото полувреме од натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Мајами Хит, во кој Мајами како домаќин победи убедливо со 147:123.
Во последната акција од првото полувреме, соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, додека се обидуваше да го спречи гостинскиот играч Хаиме Жакес, стапна на левата нога на српскиот центар, што предизвика неприродно движење. Јокиќ веднаш се струполи на подот и, со болен израз на лицето, се фати за левото колено.
Српскиот центар куцаше од подот и не се врати во играта.
„Тој веднаш знаеше дека нешто не е во ред. Тоа е дел од НБА. Неподносливо е кога некој ќе се повреди, особено кога тој некој е толку посебен како него“, рече главниот тренер на Денвер, Дејвид Аделман.
Сè уште не е познато колку е сериозна повредата на најдобриот кошаркар во светот, кој ќе биде подложен на магнетна резонанца во вторник.
До моментот на повредата, Јокиќ постигна 21 поен, имаше осум асистенции и пет скока за 19 минути, а резултатот на полувреме беше 63:63. Во второто полувреме, Мајами постигна 84 поени и прими 60.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


