Трократаниот МВП српскиот центар Никола Јокиќ се врати во дресот на Денвер Нагетс по повредата на коленото на крајот од минатата година и блескаше во победата на Денвер против Клиперс од 122:109.

Јокиќ имаше лимитирана минутажа, затоа што сеуште не е сосема опоравен од повредата и во тоа лимитирано време постигна 31 кош, со 11 скокови и асистенции. Ова е прв пат во историјата на НБА еден играч да има 25 + поени, 10+ скокови и 5+ асистенции, за помалку од 25 минути игра.

Со Јокиќ се врати и Џамал Мари, а на списокот на повредени од првата петорка на Денвер сеуште се Кам Џонсон, Кристијан Браун и Арон Гордон. И покрај многуте повредени играчи Денвер е на третото место во Западната конференција.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено