Денвер убедливо го победи Хјустон со 129:93 во битката за првите шест места што водат во плеј офот. На натпреварот Никола Јокиќ постигна 16 коша, 12 асистенции, 12 скока и имаше и пет украдени топки, а во последната четвртина поради комотното водство, воопшто и не влезе во игра.

Ова е четврта година по ред во која Јокиќ постигнува 25 трипл-дабла, по што НБА лигата се огласи со соопштение дека српскиот центар испиша историја бидејќи стана првиот играч во НБА лигата што го достигнал ова остварување.

Со победата Денвер се искачи на петтото место во Западната конференција, со 40 победи и 26 порази, идентичен скор како и шестопласираната Минесота.

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.