Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година.

Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.

Во најсилната кошаркарска лига на светот НБА Батум одигра 1.250 натпревари.

Со репрезентацијата на Франција освои две олимписки сребрени медаљи, како и злаен медал на европско првенство.

Иако ја заврши играчката кариера, Батум порача дека останува во кошарката иако не прецизираше со каков ангажман.

Слични новости