Се одложи седницата во Апелација по жалбите на Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Судијата-известител за предметот Лирие Елези-Ајрулау го одложи рочиштето поради тоа што Видевски не беше во можност да присуства, бидејќи е хоспитализиран на државаната клиника. Неговиот адвокат Бојан Манев изјави дека здравствената состојба на Видевски е влошена.
Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата. Целта им била да изнудат пари од мајката на девојчето. Жалба има поднесено и обвинителството за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

