Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар беше подложен на успешна операција на левото колено, објави неговиот клуб Сантос во понеделникот.
Поранешниот напаѓач на Барселона и Пари Сен Жермен беше подложен на артроскопија за лекување на скинат медијален менискус, соопшти клубот.
„Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро“, додаде клубот.
Операцијата ја изврши лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и претходно го оперираше Нејмар.
Триесет итригодишниот Бразилец наскоро ќе биде отпуштен од болница и ќе го започне процесот на рехабилитација. Се очекува Нејмар да го пропушти предсезонскиот тренинг-камп на Сантос, кој продолжува на 3-ти јануари.
Нејмар ја започна својата кариера во Сантос и се врати во клубот од детството во јануари оваа година. Постигна 11 гола во 28 настапи, играјќи клучна улога во опстанокот на тимот во првата лига. Неговиот договор истекува на крајот од годината, но управата на клубот посочи дека ќе се обиде да го задржи.
Нејмар е најдобар стрелец на сите времиња за бразилската репрезентација со 79 гола, два повеќе од Пеле, но не играл за „Селесао“ повеќе од две години. Последен пат играше за Бразил на 17 октомври 2023 година, кога доживеа сериозна повреда на коленото против Уругвај.
Новиот селектор на Бразил, Италијанецот Карло Анчелоти, кој ги презеде кормилото на петкратните светски шампиони во јуни, сè уште не го повика за репрезентацијата.
Слични новости
Егзибицискиот меч Тајсон-Мејведер во Конго на 25 април
Егзибицискиот меч меѓу боксерските легенди Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се одржи на 25 април во Конго, каде што се одржа славниот меч меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман за светската титула во 1974.
Милан му нуди на Модриќ да го продолжи договорот
И покрај тоа што е во петттата деценија од животот Лука Модриќ сезонава е еден од најдобрите играчи на Милан и управата на клубот му нуди да го продолжи договорот за уште една година.
Камерон Пејн заминува од Партизан и се враќа во НБА лигата во Филаделфија
Српските медиуми објавуваат дека Партизан ќе добие обештетување од 1.750.000 долари за трансферот на Камерон Пејн.


