Бразислкиот фудбалер Нејмар би можел во јануари да се врати во европскиот фудбал, бидејќи тогаш му истекува договорот со Сантос, ќе биде слободен играч и ќе има право да премине во нов клуб без обештетување, пренесува Газета дело спорт.

Весникот наведува дека минатото лето Нејмар им бил понуден на Интер и Наполи, но не дошло до трансфер поради загриженоста на клубовите за неговата физичка подготвеност.

33 годишниот Бразилец е решен да се врати во натпреварувачки ритам и да се врати во репрезентацијата на Бразил за Мундијалот во 2026, а доколку се врати во форма, негова најверојатна следна дестинација ќе биде Италија.

Слични новости