Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен.

Глобалниот стример денеска ги објави фотографиите и првиот трејлер за документарецот, за кој критичарите велат дека остава без здив.

Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас, кој соработува со Спилберг уште од ерата на Војната на ѕвездите и Индијана Џоунс, а соработуваа и на Ајкула.

Премиерата на „Диносаурусите“ е најавена за 6 -ти март.

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.

Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија

Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија

Продуцентите на спектаклот на доделувањето на наградите Оскар што ќе се одржи во недела вечер во Холивуд изјавија дека „сакаат сите да се чувствуваат безбедни и заштитени“ на церемонијата, откако ФБИ предупреди дека Иран планира да ја нападне Калифорнија со дронови.