Стримерот Нетфликс ги откупи правата на серијата „Сиот тој гнев“ од авторите Лиз Фелдман и Кели Хачинсон кои соработуваа и на сериите „Мртов за мене“ и „Мечкина услуга“. Нетфликс исто така, го продолжи договорот со Фелдман која изминатите шест години работи со Нетфликс.
Новата серија „Сиот тој гнев“ е црна комедија, во чиј центар се две другарки Ема и Ели, стари другарки кои повторно се зближуваат по долго време на отуженост и наоѓаат нова цел во тоа да му го загорчат животот на ќовекот што им го уништил пријателството.
Освен Лиз Фелдман и Кели Хачинсон извршни продуценти на серијата ќе бидат и Вил Фарел и Џесика Елбаум.
Слични новости
Кастингот за Џејмс Бонд не се потпира врз актерските вештини
Експертите за каст на франшизата велат дека е клучно оној што ќе го игра Џемс Бонд да не прави врева во јавноста околу политички прашања и кој е подготвен да биде бренд амбасадор на франшизата
Почина познатиот американски актер Том Скерит
Том Скерит, актерот кој се прослави со улогите во Меш, Елиен и Топ Ган, почина во Сиетл од старост, објавија американските медиуми.
ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови
Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.


