Стримерот Нетфликс ги откупи правата на серијата „Сиот тој гнев“ од авторите Лиз Фелдман и Кели Хачинсон кои соработуваа и на сериите „Мртов за мене“ и „Мечкина услуга“. Нетфликс исто така, го продолжи договорот со Фелдман која изминатите шест години работи со Нетфликс.
Новата серија „Сиот тој гнев“ е црна комедија, во чиј центар се две другарки Ема и Ели, стари другарки кои повторно се зближуваат по долго време на отуженост и наоѓаат нова цел во тоа да му го загорчат животот на ќовекот што им го уништил пријателството.
Освен Лиз Фелдман и Кели Хачинсон извршни продуценти на серијата ќе бидат и Вил Фарел и Џесика Елбаум.
Слични новости
Chat GPT го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе секоја недела
Американската технолошка компанија Опен АИ соопшти дека нејзиниот генеративен асистент за вештачка интелигенција Chat GPT го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе во светот секоја недела.
Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“
Истражувачите на организацијата „ Noah’s Ark Scans“ кои со години ја испитуваат формацијата Дурупинар на истокот од Турција, тврдат дека новите радарски истражувања дополнително ја засилиле тезата дека под земјата се наоѓаат остатоци од структурата која се поврзува со библиската „Ноева арка“.
„Срцето на Ѕверот“ со Бред Пит со скромни 20 милиони заработка на премиерниот викенд
Филмот е на режисерот Дејвид Ајер со буџет од 82 милиони долари и доби А оценка од публиката и 87 насто од Ротен Томејтоус.


