Повеќе од 60 лица се приведени, а биле забележани преку 900 инциденти ширум Шпанија за време на генералниот штрајк организиран поради барања за повисоки плати и попристапни услови за станбено живеење.
За време на штрајкот дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата на повеќе локации, а во Барцелона и Мадрид се забележани вандализам и интервенција на полициските сили.
Претседателот на каталонската влада Салвадор Иња го осуди насилството и нагласи дека тоа не ги претставува граѓаните кои мирно протестираа.
И покрај силниот дожд во Шпанија на демонстрациите низ градовите учествуваа десетици илјади луѓе.
Слични новости
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека не планира да ја ескалира војната со Иран
Трамп во интервјуто за емисијата „60 минути“ рече дека не сака да ја есклаира војната со Иран, а и дека нема причини за такво нешто.
Состанок на министерите за надворешни работи на Г7 за Блискиот исток и Украина
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 денеска и утре во Париз ќе имаат состанок на кој Блискиот исток повторно ќе биде централно прашање, со посебен фокус на поморската безбедност, Ормутскиот теснец и енергетските предизвици.
Демократите планираат истрага против Илон Маск и неколку големи компании
Технолошкиот милијардер Елон Маск, новоназначениот шеф на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, и неколку големи компании веројатно ќе станат мета на конгресни истраги кога демократите ќе ја преземат контролата врз Конгресот во јануари.


