Повеќе од 60 лица се приведени, а биле забележани преку 900 инциденти ширум Шпанија за време на генералниот штрајк организиран поради барања за повисоки плати и попристапни услови за станбено живеење.

За време на штрајкот дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата на повеќе локации, а во Барцелона и Мадрид се забележани вандализам и интервенција на полициските сили.

Претседателот на каталонската влада Салвадор Иња го осуди насилството и нагласи дека тоа не ги претставува граѓаните кои мирно протестираа.

И покрај силниот дожд во Шпанија на демонстрациите низ градовите учествуваа десетици илјади луѓе.

Слични новости