Мистериозниот вселенски објект познат како Зи/АТЛАС утре ќе се најде на најблиската точка во однос на планетата Земја, додека научниците ги отфрлуваат тврдењата дека објектот би можел да биде од вештачко, односно вонземско потекло.

Објектот ќе мине со брзина од околу 210 000 километри на час, на оддалеченот од околу 274 милиони километри од Земјата, што е двојно поголема оддалечемост меѓу Земјата и Сонцето. Повеќето астронаути се согласни дека станува збор за комета која потекнува надвор од Сончевиот систем.

Некои астрофизичари не ја исклучуваат можноста дека станува збор за вонземско летало, но Американската и Европската вселенска агенција соопштија дека нема сомнение за природното потекло на објектот.

Слични новости