Медиумите на хебрејски јазик почнаа да шпекулираат за можна повреда или убиство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Повод за овие шпекулации е фактот што Нетанјаху веќе три дена не се појавува на социјалните мрежи со видео пораки, а последните фотографии од Нетанјаху се од пред четири дена.

Во претходниот период Нетанјаху секојдневно објавуваше видео снимки, а понекогаш и повеќе пати во текот на денот.

Според тврдењата на некои израелски извори ноќта меѓу 7 и 8-ми март наводно било забележано зголемено обезбедување околу приватната куќа на Нетанјаху, со посебни мерки за заштита од можни напади со дронови.

Слични новости

Брисел размислува да го укине ветото

Брисел размислува да го укине ветото

Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.