Цените на нафтата денеска повторно почнаа да растат на азиските берзи поради неизвесноста околу исхофот на мировните преговори меѓу САД и Иран, откако Швајцарија потврди дека преговорите се откажани.

Референтната нафта Брент повторно се искачи на над 80 долари за барел, а суровата американска нафта ВТИ на 76,3 долари за барел.

Пред откажувањето на потпишувањето на договорот во Швајцарија цените на нафтата паѓаа во текот на целата недела и се спуштија на под 80 долари за барел, бидејќи на берзите се сметаше дека договорот за прекин на војната ќе овозможи слободен проток на нафтата од Персискиот залив.

 

Слични новости

Американските акции се во пораст пред се благодарние на технолошките компании

Американските акции се во пораст пред се благодарние на технолошките компании

Кај 500-те најбогати американски компании С и П 500 забележан е раст на берзите од 0,3 насто. Најголем придонес за растот даде производителот на чипови Енвидија, чии акции поскапеа за повеќе од 3 насто.