Цените на станбените недвижности во Европската унија пораснаа за 5,1 насто меѓугодишно во првиот квартал на 2026, додека на ниво на еврозоната регистриран е раст од 4,7 насто, објави денеска Евростат.

Во споредба со последниот квартал на 2025 цената на становите и куќите порасна за 1,2 насто во ЕУ и за 1 насто во еврозоната.

Најголем раст на цената на недвижностите има во Португалија 10,3 насто, а потоа следуваат Бугарија со 9,4 насто и Словачка со 9,1 насто.

Кај кириите најголем скок е забележан во Хрватска каде што кириите се пораснати за 21,9 насто во однос на 2025.

Слични новости