Невремето ширум Европа денеска предизвика откажува на железничките линии и летовите во Холандија, прекин на сообраќајот за товарни возила во Франција, како и траектите во Грција, додека во Велика Британија е во сила жолто предупредување за снег, како и на ризик од обилни дождови, силни втришта и поплави.
Од вчера се заглавени околу 700 возачи на камиони на автопатот на североистокот на Франција кон границата со Германија, затоа што снегот ги принуди властите да донесат забрана за движење на товарни возила со носивост поголема од 3,5 тони.
Во Грција траектите не функционираа поради силни ветрови, а земјата очекува снег во северните делови и се прогнозира драстичен пад на температурите.
Во Германија ситуацијата од денеска се подобрува откако земјата неколку дена беше под удар на бурата Ели. Се до синоќа во Германија беа откажувани заминувањата на возовите, а на патиштата имаше опасен мраз и пролизгувања на возилата.
Слични новости
Зеленски порача дека ако дојде до договор за прекин на огнот Украина ќе го почитува
По вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД во Женева, нема конкретен напредок, иако преговарачите на двете страни изнесоа умерен оптимизам.
Парламентарните избори во Бугарија закажани за 19 април
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија


