Народната банка воведе тримесечна администрација во „Алта банка“ АД Битола поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Со решението од 1 ноември, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на управните тела и Собранието на акционери, со исклучок на одлуките за зголемување на капиталот.

Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат целокупната состојба во банката и да достават извештај до Народната банка… Во периодот на администрацијата се воведени ограничувања за располагање со средствата.

 

Физичките лица ќе можат да подигаат готовина и да плаќаат со картички издадени од банката кај трговци до 10.000 денари неделно, додека внатрешните трансакции во банката остануваат неограничени.

За правните лица се ограничени исплатите и трансферите надвор од банката, а одливните плаќања кон странство привремено се недостапнi. Од Народната банка посочуваат дека целта е банката да продолжи да работи, а интересите на штедачите и доверителите да бидат заштитени.

 

Слични новости

Полицијата спроведува обемна акција за сузбивање финансиски криминал во здравството

Полицијата спроведува обемна акција за сузбивање финансиски криминал во здравството

Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.