Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.
Утринава Денвер го победи Милвоки со 102:100, а најдобар поединец кај Денвер беше Џулијан Строутер со 20 поени, нјамногу оваа сезона.
Денвер водеше со 23 поени разлика, но Милвоки се врати и на крај имаше и шут на Кајл Кузма за пресврт, но победата замина за Колорадо.
Кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 22 коша, 13 скока и 7 асистенции.
Слични новости
Лејкерси го победија Вашингтон со нов рекорд на Леброн Џејмс
Во отсуство на суспендираниот Лука Дончиќ, најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 21 поен, 12 асистенции и 10 скока Ова беше 1.228 победа на Леброн во кариерата, со што го изедначи рекордот на Карим Абдул Џабар
Денвер до шеста победа во низа, Оклахома пресилна за Њујорк
Поџемски со по 23 коша.
Во дербито на денот шампионот Оклахома ги победи Њујорк Никс со 111:100. ШГА постигна 30 коша, а Џејлен Вилијамс се врати по повредата и даде 22 коша за Оклахома која победи на 14 од последните 15 мечеви.
Ако Италија не обезбеди пласман на Светското првенство Џенаро Гатузо ќе добие отказ
Италија е фаворит пред дуелот со Босна, но е далеку од некогаш моќниот тим составен од големи фудбалски ѕвезди. Гатузо е под голем притисок пред утрешниот меч во Зеница кој почнува од 20 и 45.


