Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.

Утринава Денвер го победи Милвоки со 102:100, а најдобар поединец кај Денвер беше Џулијан Строутер со 20 поени, нјамногу оваа сезона.

Денвер водеше со 23 поени разлика, но Милвоки се врати и на крај имаше и шут на Кајл Кузма за пресврт, но победата замина за Колорадо.

Кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 22 коша, 13 скока и 7 асистенции.

Слични новости

По повредата на задната ложа Лука Донќиќ надвор од теренот најмалку до крајот на регуларната сезона

По повредата на задната ложа Лука Донќиќ надвор од теренот најмалку до крајот на регуларната сезона

Лука Дончиќ ќе го пропушти регуларниот дел од сезоната за Лејкерс, соопшти клубот од Лос Анџелес. Дончиќ е најефикаснкиот стрелец во НБА лигата и ги доведе Лејкерс до третата позиција на Западот, но се повреди на последниот натпревар меѓу Лејкерс и Оклахома.