Германскиот кошаркар Денис Шрудер кој игра за Сакраменто е суспендиран од НБА лигата на три натпревари без плата и од утре ќе важи неговата казна.

Иако НБА лигата не откри експлицитно за каков инцидент станува збор, јасно е дека казната поради инцидентите со Дончиќ. Шрудер најпрвин имаше неколку вербални конфликти со Дончиќ за време на натпреварот Лејкерс-Сакраменто, а потоа во соблекувалната Шрудер се обидел да го удри Дончиќ.

Ноќеска Сакраменто ќе игра против Хјустон, а Шрудер нема да може да игра, а ќе мора да паузира и на натпреварите против Лејкерс и Њујорк.

 

 

Слични новости