Аталанта Хокс победи во првиот меч по трампата на нивната ѕвезда Треј Јанг на гости во Денвер со убедливи 110:87. Џејлен Џонсон постигна 29 коша, а Никел Александар-Вокер 22 коша за Аталанта кој го надигра Денвер во последната четвртина со 36:12.
Денвер Нагетс настапија без двајцата најдобри играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари, а повредни се и Јонас Валанчунас и Спенсер Џоунс. Кај Денвер најдобри беа Пејтон Вотсон со 25 коша и Арон Гордон со 14 поени.
Пред мечот тренерот на Атлната Квин Снајдер му се заблагодари на Треј Јанг за се што направи за тимот и му посака се најдобро во Вашингтон.
Слични новости
Оклахома и Лејкерс очекувано ги победија Сакраменто и Далас
По серијата порази Лејкерси утринава ја забележија и втората победа во низа врз ослабениот тим на Сакраменто со 124:108. Лука Дончиќ забележа 28 коша и 9 асистенции, а ветеранот Леброн Џејмс даде 24 коша за Лејкерс.
Тешка повреда на Емре Џан од Борусија
Некогашниот фудбалер на Ливерпул ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото што ќе го оддалечи од фудбалските терени подолг период.
Денвер поразен на домашен терен од Минесота
Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108.


