Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.

Ддебатата во земјата со 400.000 жители повеќе се водеше за рибарството отколку за безбедносните грижи.

Рибната и морската индустрија сочинуваат речиси 40% од извозот на Исланд, па многумина се плашат дека земјата ќе мора да отстапи дел од контролата врз своите профитабилни риболовни подрачја според заедничката политика за рибарство на ЕУ.

 

Слични новости

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.