Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија.
Архивата се проценува дека ќе достигне цена меѓу 1,2 и 1,6 милиони фунти, а содржи 209 ДАТ касети, 73 аналогни касети и три мини дискови. Аукцијата е закажана за 3-ти октомври.
Снимките ги собираше тон-мајсторот Хју Ричардс кој работеше со „Оејзис“ од објавувањето на нивниот дебитантски албум „Дефинитли Мејби“ во 1994 па се до 2001-та година. По неговата смрт архивата остана во сопственост на неговиот син Овен Ричардс кој сега ја нуди на продажба.
Слични новости
Поранешниот принц Ендру ја тужи англиската полиција поради апсењето во врска со Епстин
Тој поднесе барање за судско преиспитување во врска со налозите за претрес што и овозможија на полицијата да изврши рација во неговата куќа. Ова е за прв пат некој член на кралското семејство да ја оспорува законитоста на судската постапка против себе уште од судењето на Чарлс Први во 1649 година.
Фијаско на филмот „Копачот“ на Алехандро Инариту со Том Круз на Бокс офисот
Сатиричната црна комедија „Копачот“ на славниот режисер Алехандро Инариту со мега ѕвездата Том Круз во главната улога доживеа голем неуспех на кино благајните на премиерниот викенд во САД. Филмот кој се прикажува во 3.300 кина во САД заработи само 8 милиони долари, далеку под сите очекувања на студиото Ворнер Брос.
Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија
Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.


