Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна беше безбедно отстранета од плажа на брегот на Дојранското Езеро, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Станува збор за граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која била пронајдена на плажата. Од Дирекцијата информираат дека гранатата била наменета за хаубица М14 и потекнува од Првата светска војна.
Вакви неексплодирани гранати и натаму повремено се откриваат во региони кои биле зафатени од воените дејствија, најчесто во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.
Слични новости
Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија
Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени
Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Софија
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.


