На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.
Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.
Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.
Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.
Слични новости
Масовен одзив на изборите во САД, демократите во предност по преброените гласови од раното гласање
Денеска во САД се одржуваат избори на половина од претседателскиот мандат на кој се бираат сите членови на Конгресот и 35 од 100 сенатори. Резултат на изборите ќе определи дали републиканците на претседателот Донад Трамп ќе ја задржат контролата во Конгресот, или мнозинството ќе го преземат демократите.
Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка
Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.
Платата на вработените во Армијата и во одбраната ќе бидат зголемени за 10 отсто од 1 јануари 2027 година
Министерот Мисајловски рече дека буџетот е поминат на владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година.


